Екипите на Бел Мерцедес и Кафе Бар 9 ќе играат во финалето на 19. турнир во мал фудбал во Велгошти.

Во полуфиналето одиграно синоќа, Бел Мерцедес ја совлада екипата на Дооел Ноче со 4:0, додека Кафе бар 9 го елиминира минатогодишниот победник АСП ПАК со 2:0.

Финалниот меч на турнирот во Велгошти помеѓу екипите на Бел Мерцедес и Кафе бар 9, ќе се одигра на 7 август, среда, во 22 часот. Еден час претходно во битка за третото место ќе се сретнат АСП ПАК и Дооел Ноче.

Освојувачот на турнирот ќе добие 130.000 денари, второпласираната екипа 55.000 денари, третата 30.000 денари, а четвртата 5.000 денари. Ќе бидат доделени и пехари за најдобар играч и голман.

Г.М.