Бел дијамант со големина на помало јајце бил продаден за 27,3 милиони долари на аукција во Хонг Конг. Телефонскиот понудувач го купил 118-каратниот дијамант од Африка на аукција која била одржана понеделникот ноќта, јавиле агенциите.

Цената ја надминала претходната рекордна цена за бел дијамант од 26,7 милиони долари, кој се нашол во мај на аукција на Кристи во Женева. Покрај него на аукцијата бил понуден и 7,6-каратен син дијамант кој бил продаден за 16,1 милион американски долари. Обата скапоцени камења биле продадени за помалку од нивната проценета вредност.