Визниот режим за граѓаните на Македонија паѓа од ноќеска на полноќ. Од утре само со биометриски пасоши, Македонците ќе  можат да патуваат во 25 држави членки на Европската унија.

По тој повод, вечерва на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржува прослава „Бел ден – Македонија без визи“. Во организација на „Литиум рекордс“ на прославата ќе настапат „Слаткаристика“, ДНК, Елвир Мекиќ, Тони Зен, Јован Јованов, Ламбе Алабаковски, Адријан Гаџа, Елена Ристевска, Каролина Гочева, Есма Реџепова, Калиопи, Владо Јаневски, Влатко Стефановски Трио и гостите Здравко Чолиќ и „Фетбој слим“.

Македонската влада по повод визната либерализација утре организира и еднодневен излет до Париз, за сто граѓани, кои ќе бидат придружувани од најдобрите студенти и од група новинари.

Ohridnews