Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб, изјави на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки, додаде Бектеши.

Инаку, вчера од Министерството за економија до Владата доставија Предлог-одлука за укинување на мерката за субвенционирана електрична енергија за компаниите од прехранбената индустрија.

Како што соопшти Министерството за економија, според нивните анализи, голем дел од компаниите што користеа субвенционирана електрична енергија од „ЕСМ Продажба“ по цена од 80 евра за мегават час, не ги намалиле цените на основните прехранбени производи.

Врз основа анализата и податоците од Државниот пазарен инспекторат, предлогот на Министерството за економија е да се укине мерката за сите компании од прехранбениот сектор.

OhridNews