Прогласувањето на вонредната состојба во земјата за спречување на ширењето на коронавирусот, што ја прогласи вечерва претседателот на државата, има единствено за цел да и се овозможи на владата непречено да ги носи сите потребни одлуки за справување со ситуацијата, дотолку повеќе што во моментов највисокиот законодавен дом, Собранието, е распуштено и не може да се состане. Ова вечерва во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма го изјави министерoт за економија Крешник Бектеши.

  • Оваа одлука всушност ќе и овозможи на Владата да носи акти кои ќе се во ранг на закони, со што ќе се забрза носењето на значајни одлуки со што ќе се олесно делувањето на институциите. – појасни Бектеши.

Тој упати апел до медиумите, посебно до одредени портали, да не шират лажни вести кои внесуваат немир во јавноста, посочувајќи дека снабдувањето со неопходните намирници за живот тече непречено и нема никакви проблеми.

Бектеши појасни дека граничните премини во земјата се затворени само за движење на луѓето, но не и за стоки и дека непречено се одвива знабдувањето.

Министерот за економија истакна дека во моментов еден од најпогодените сектори е туристичко-угостителскиот сектор и транспортот и дека се прават анализи по што, ќе бидат преземени конкретни мерки за поддршка на овој дел од бизнисот.

OhridNews