„Нема место за паника за обезбедување на основни прехранбени производии. Согласно податоците кои што ги има Министерството за економија, има доволно залихи и нема потреба кај граѓаните да прават зголемени домашни залихи на храна, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.
- Со метежот во супермаркетите се зголемува можноста од ширење на заразата од Ковид 19 вирусот, потенцира Бектеши.
Министерот ги повика граѓаните да ги почитуваат препораките на Владата за заштита од Коронавирусот, но и да ги почитуваат правилниците на супермаркетите се со цел да останат заштитени од ширење на вирусот.
OhridNews