Минималната плата во текот на 2022 година ќе се зголеми минимум на 18.000 денари, рече денеска во одговор на новинарско прашање министерот за економија Крешник Бектеши.

Согласно проекциите и анализите кои се направени тоа ќе се случи најверојатно во вториот квартал од годинава, истакна Бектеши при денешната посета на Бирото за метрологија.

Итно зголемување на минималната плата на 18 илјади денари и скалесто зголемување на сите останати плати бараат од Сојузот на синдикати на Македонија како и утврдување на правото на регрес во јавниот сектор. За овие барања, ССМ и Владата ќе разговараат на средбата која ќе се одржи на 24.01.2022 година. Од синдикатот велат дека ќе го повикаат членството на генерален сеработнички штрајк доколку прашањата не бидат решени преку Социјален дијалог веднаш.

 

OhridNews