Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека има намалување на инфлацијата споредбено со претходните месеци и најголемо намалување во споредба со ланскиот октомври кога генерално почнаа да се зголемуваат цените во нашата држава и на прехранбените производи и на енергенсите, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Инфлацијата во споредба со истиот месец од претходната година е 14,7 отсто и има 2 проценти намалување ако ја споредиме со февруари. Најважно е дека има намалување во делот на транспортот и во делот на храната што значи дека мерките кои ги носи Владата почнале да го даваат својот резултат, рече Бектеши во изјава по состанокот со увозниците на овошје и зеленчук во Министерството за економија.
OhridNews