Популарниот состав настанал во 1993 година и од тогаш се што е поврзано со нив оди по нагорен пат. Ги полнеа халите, одеа на многубројни турнеи, нивните хитови се пејат и денес, а во нив беа заљубени девојките од цел свет. После вртоглавата слава бендот се растури но по шест години тие се враќаат во полн состав.

Гостувајќи во емисијата “Добро утро Америка” момците од Бекстрит Бојс најавија концерт за 31 август во Њујорк на одушевување на помладата популација, но и за некогашните девојки кои ги обожаваа и растеа со нивните песни и нивните постери. Повторно во оригиналниот состав најавија нов албум за кој не сакаа да откриваат повеќе детали. Открија дека изнајмиле куќа во Лондон во која живеат заедно, а притоа да можат подобро да се фокусираат на припремите кои им предстојат.