Охридскиот ракометен клуб направи рокада на десната бековска позиција во составот. Во клубот пристигна Филип Николов, а замина Дејан Гошески.
Николов во акција во дресот на Радовиш.
20-годишниот ракометор во Охрид се пресели од Радовиш каде ја одигра првата полусезона во Супер лигата. Николов потпиша договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на соработката.
Најдобра препорака за ангажман на Охрид, младиот ракометар упати со добрите перформанси на дуелите со „гладијаторите“ во суперлигашкото друштво. Николов на мечот во Охрид постигна седум голови и беше најдобар стрелец, додека во Радовиш застана на 4 погодоци.
Охриѓани подготовките за втората полусезона ќе ги започнат на 15 јануари.
OhridNews