Серијата погодоци ја отовори Милошоски Дејан во 7 минута од мечот. Потоа до крајот на првиот дел во листата на стрелци се запишаа Лолески и Јосифоски.
Бранителот на трофејот се обиде во вториот дел да се врати во игра но Чипаноски со неколку интервенции не дозволи да се тресе неговата мрежа.
Конечните 6-1 ги постави Лошкоски Зоран.
– Мислам дека нашиот противник го игра најдобриот фудбал на турнирот. Ние три пати игравме во финалето, но годинава не бевме доволно подготвени и застанавме во полуфиналето – рече Пазаркоски Димче, од Вис Пој.
– Не очекувавме вака висок триумф, го одигравме најдобриот меч во полуфиналето и очекувам оваа игра да ја повториме и во финалето против Бел мерцедес – потенцираше Чипаноски.
Финалниот меч се игра во 20.30 минути.