Бекче на пенали 3-2 ја совлада екипата на Ликвид и се пласираше меѓу најдобрите четири на турнирот во мал фудбал .


Натпреварот мина во тврда и изедначена игра со малку шанси на обете страни. Единствениот погодок на мечот за Бекче го постигна Лолески Ристе кој го искористи невниманието на одбраната на Ликвид.

Мрежата на Бекче се затресе во финишот на првиот дел, а комбинацијата на Ликвид со погодок ја круниса Атај.

Доминираа во вториот дел “белите“ имаа повеќе од играта но не успеаа да направат конкретна шанса за да го загрозат Ахмедоски на голот. 


Слаби пеналџии се покажаа фудбалерите на Ликвид кои не реализира четири од петте удари. Единствно Бимбилоски ја затресе мрежата на Чипаноски, кој усепа да ги скроти ударите на Исмаил, Василев, Атај и Војдиноски.

За екипата на Бекче, погодија Лолески Бале и Лолески Ристе, додека Милошески и Асани не ја погодија целта.

– Добро ги познаваме нашите противници, мечот беше изедначен во целиот свој тек. Пеналите се рулет и ние бевме тие кои има повеќе среќа. Подисциплинирани сме, очекувам фер и коректно полуфинале. Овие мечеви се пред се дружење, па кој е подобар нека победи – рече јунакот во пенал рулетот Чипаноски.

Вo полуфиналето Бекче ќе се сретне со тимот на Вис Пој.

Ohridnews