Викторија и Дејвид Бекам вредно работеле, а сега си приопштиле вистински луксуз. Иако Дејвид е во пензија, а Викторија се посветила на дизајнирањето облека, Бекамови и понатаму добро заработуваат, па бложиле 40 милиони фунти во својата нова вила во Лондон, која има и фризерски салон, спа, посебна соба за чевли, како и тунел за персоналот и обезбедувањето. Веќе инсталирале и звучни системи така да музика свири во секој просторија, а планираат да вградат и специјално дизајнирани водоотпорни телевизиски плазми во секој од тоалетите.
Нивните деца Бруклин, Ромео, Круз и Харпер ќе добијат посебни соби со тоалети. На долниот кат има студи, теретана, соба за масажа, три простории за персоналот, мала градина, а во подземната гаража Дејвид може да ја чува својата колекција автомобили. Бекамови претходно ја продале својата куќа во Хертфордшир за 12 милиони фунти, позната како Бекамгинска палата, а сеуште поседуваат куќи во Калифорнија, Дубаи и на југот од Франција.