Англискиот фудбалер Дејвид Бекам во петокот се состана со премиерот Дејвид Камерон со кој разговараа за тоа што мора да се превземе во борба против гладот на децата во светот.

Ѕвездата на фудбалскиот тим “LA Galaxy” на состанокот понел и писмо во кое стојат потписи на голем број познати личности, а некои од нив се манекенката Клаудија Шифер, актерот Вуди Голдберг и музичарот Роби Вилијамс.

По средбата со британскиот премиер, популарниот спортист помина пријатно попладне во друштво на неговата сопруга и малата ќерка, додека вечерта учествуваше во свечената церемонија на отварањето на Олимписките игри.