Познатото семејство Бекам се враќа во Англија. Бидејќи на Дејвид му истече договорот со фудбалскиот клуб Лос Анџелес Галакси, Неговата сопруга Викторија и тројцата синови одлучиле да се вратат во Лондон. Тие ќе се вратат во татковината бидејќи сакаат нивните синови да се школуваат во Велика Британија.


Тие веќе неколку години живеат во САД, а ова лето ќе станат родители на девојче. САД станала втората куќа на славниот пар, тие го обожаваат Лос Анџелес, и донекаде засекогаш ќе останат поврзани за тој град, изјавил извор близок на парот. Истиот извор истакнал дека Викторија има многу пријатели во Калифорнија и дека тој животен стил и се допаѓа, но и дека и недостасува семејството.