Дејвид Бекам, со сопругата Викторија, синовите и ќерката, наскоро ќе се преселат во Австралија или Франција. За новата дестинација парот сеуште размислува, а каде ќе заминат зависи исклучиво од новиот договор на фудбалерот. Имено, по истекувањето на шестгодишниот ангажман во Лос Анџелес, Дејвид сакал да договори уште еден професионален договор, после кој како што вели би заминал во пензија.

Тој изјавил дека тоа нема да биде крај на неговата фудбалска кариера. Кога ќе престанел да игра, ќе останел во некој од клубовите како сопственик или тренер. Со оглед на тоа дека улогата на пензионер веќе започнал да ја припрема, одлучил животот да го продолжи во родниот Лондон. Таму неговата сопруга Викторија ќе гради нова модна империја, а тој ќе се грижи за децата.