Викторија Бекам на свет донесе девојче. Не е познато кое име славниот пар ќе до даде на својата прва ќерка која по породувањето била тешка 3,46 килограми. Ја родила во болницата „Cedars Sinai“ во Лос Анџелес, а среќната вест во јавноста парот ја испратил преку својот портпарол.


Дејвид и Викторија преку својот портпарол порачале дека Бруклин, Ромео и Круз се среќни што ќе можат да ја поздрават својата сестра и да и посакаат добредојде во нивното семејство. Дејвид изјавил дека се пресреќни што конечно добиле ќерка во нивното семејство.