Дејвид и Викторија Бекам сепак нема да ги добијат титулите Сер односно Лејди. Икао биле номинирани, кралскиот комитет одлучил дека е прерано за таква чест. И покрај шпекулациите дека семејството ќе ги добие титулите поради фудбалските успеси на Дејвид, и фактот што помогнал во организацијата на Олимписките игри во Лондон, кралскиот комитет одлучил дека тие сеуште не се достојни за тоа. Ваквата одлука била вистински шок за Обединетото Кралство, бидејќи се сметало дека Дејвид сигурно ќе ја добие титулата, бидејќи бил предложен од принцот Вилијам.
Обложувалниците ширум светот пред две седмици дури и го стопирале обложувањето во неговоиме, со оглед на тоа што се сметал за апсолутен фаворит за престижната титула. Меѓутоа, Дејвид не е единствен спортист на кој титулата му избегала за влакно. Имено, минатата година тенисеот Енди Мареј буквално се сметал за добитник на титулата Сер откако го освоил Вимблдон, но таа му припаднала на велосипедистот Бредли Вигинс.