Дејвид Бекам и неговото семејство од неодамна се под заштита на вооружен чувар, пренесуваат американските медиуми. Славниот фудбалер бил виден како си игра со синовите на плажите во Малибу под будното око на еден вооружен човек, за кој се претпоставува дека е поранешен полицаец.


Телохранителот имал пиштол на појасот без рамка со куршуми. Портпаролот на полицијата во Лос Анџелес изјавил дека изнајмувањето на поранешни полицајци поради лична безбедност е многу честа појава кај славните личности.