Еден од најпознатите светски парови, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија се фотографирале за насловната страница на француското издание на модното списание Вог.

Бекамови снимиле сет фотграфии за божиќното издание на ова престижно списание. Бекам позирал во црн смокинг, додека Викторија блескала во елегантен црн фустан.