Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија купуваат куќа во Франција. Славниот пар обожава да минува дел од времето во оваа земја, па според американските медиуми, се упатиле во потрага за идеален стан во еден од елитните квартови во Париз. На Викторија многу и се допаѓал Париз, најмногу поради модата, па затоа сакала да има постојана база во овој град.


Пријател на парот изјавил дека Викторија често е во Париз на модните случувања, а нивното доселување ќе предизвикало вистински хаос. Славниот фудбалер и Викторија веќе поседувале куќа за одмор на југот на Франција, како и во САД и Велика Британија.