Фудбалскиот ас Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија ја продале својата вила во Хетфордшир, источно од Лондон, за 12 милиони фунти. Според британските таблоиди, славниот пар и нивните четири деца ќе ја напуштат куќата, која британците поради раскошот ја нарекле „Бекингемска палата“, после Божик, и ќе се вселат во својата нова, 45 милиони фунти вредна резиденција во западниот дел на Лондон. Заедно со куќата била продадени и автомобилите на Дејвид, вклучувајќи и едно Ферари.
Бекамови куќата ја купиле пред 14 години за 2,5 милиони фунти. На продажба ја ставиле и својата куќа во Франција, која била проценета на 2,6 милиони фунти. Нивниот близок пријател Гордон Ремзи, кој е познат телевизиски готвач, се согласил да помогне во дизајнирањето на кујната во нивниот нов дом во Лондон. Бекамови на овој чекор се одлучиле бидејќи планираат поголемиот дел од времето да го минуваат во Лондон, со поверемени патувања во Лос Анџелес, за време на училишните распусти.