Фудбалерот Дејвид и Викторија десеттата годишнина од бракот ја прославија на луксузна јахта крстарејќи по островите во Индискиот Океан. Парот бил снимен како се сонча на јахтата, и како си позираат еден на друг за приватни албуми. Дејвид дури и на одмор носел гаќички со потпис на Армани, а Викторија ја открила прекрасната линија во дводелен сив костим за капење.


Ноќите ги минувале во изнајмена вила на еден приватен остров, која ја плаќале по околу 2000 евра на ден. Изгледале пресреќно бидејќи после шест месеци конечно останале сами. Тие сега се вратиле во Лос Анџелес каде ги чекале нивните синови.