Куќата на Дејвид и Викторија Бекам е преплавена за подароци кои пристигнуваат од сите страни за бебето Харпер Севен, па многу од нив веќе ги донирале на хуманитарните организации. Брачниот пар морал да даде во хуманитарни цели голема количина луксузни подароци кои ги добиле откако на свет дошла нивната ќерка Харпер Севен.


Интересно е тоа што Бекамови добиле дури 14 колички за бебето од разни производители, кои ова го виделе како сјајна можност за реклама на своите производи. Меѓутоа, Викторија и Дејвид имаат строга политика да не примаат подароци од компании со кои не се врзани со договори, па поголемиот дел веќе ги дале на хуманитарните организации.