Дејвид Бекам на 2 мај ќе наполни 40 години, но пријателите нема да ги одведе на пијалок во бар, туку на забава во Маракеш, во луксузното одморалиште со пет ѕвезди Амањена. Тој ќе плати авион до Мароко на најдобриот пријател Дејв Гарднер и а негвоата девојка Лив Тајлер, потоа на Том Круз, режисеот Гај Ричи, готвачот Гордон Ремзи, како и на поранешниот соиграч од Манчестер Јунајтед Гери Невил.
Во Мароко на располагање ќе имаат ресторани со мароканскам тајландска и медитеранска кујна, цигара бар, два амами, терен за голф веднаш покрај морето и отоворен базен од 33 метри. Инаку, во Амањена Дејвид и Викторија Бекам во 2004 година ги обновиле брачните завети.