Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам во 2003 година од Манчестер Јунајтед се пресели во Реал Мадрид за сума од околу 30 милиони евра. Но како што изјави фудбалери во интервјуто за „BBC“ негов близок пријател му се јавил и му рекол дека клубот од Олд Трафорд го продава во Барселона. На инсистирање на Бекам трансферот бил стопиран, а тој побарал од агентот да го контактира Реал Мадрид.
Слушнав шпекулации дека сакаат да ме продадат. Со Викторија бевме на одмор кога ми се јави еден пријател и ми кажа дека гледал на ‘Скај спорт’ дека Манчестер јунајтед се договорил со Барселона. Веднаш му кажав: „Не оди тоа така, јас не знам ништо за нивните намери“. Веднаш се вратив во Лондон. Се обидев да разговарам со Питер Кенјон и менаџерот Фергусон, но не одбија. Им кажав дека сакам објаснување, тогаш ми признаа дека се договориле со Барселона. Му се јавив на мојот менаџер и му кажав: „Кога веќе морам да си одам, ќе одам во Реал. Се сретнавме со претседателот на Реал, Флорентино Перез, и постигнавме договор. – изјавил Бекам.
Поранешниот англиски репрезентивец четири сезони остана на „Сантијаго Бернабеу“. Во дресот на „кралевите“ одигра 155 натпревари на кои постигна 20 гола.
OhridNews