Бекамови со денови се топ вест во Америка. Дејвид Бекам кој неодамна потпиша мултимилионски договор со фудбалскиот клуб “ЛА Галакси“ и неговата сопруга Викторија речиси секојдневно се на насловните страни на американските весници. Дејвид деновиве добива повеќе простор и од американскиот претседател.


Бекамови

Пред некој ден Викторија која деновиве е ангажиранна околу пронаоѓање на нов дом и учишиште за младите Бекамови шетајќи по улица наеднаш била опкружена од преку 70 камери. Сведок на настанот бил глумецот Силвестер Сталоне кој наскоро  ќе им биде прв сосед на Бекамови.


Силвестер Сталоне

Сталоне има неколку практични совети за Бекамови и смета дека Дејвид треба малку да го спушти носот доколку сака да се вклопи во американското друштво. “Неговото доаѓање е голем чекор напред за фудбалот во Америка, но доколку Дејвид навистина сака да успее треба што помалку да ја потенцира шминкерската страна од својата кариера. Во Америка ако си спортист, тогаш мора така и да изгледаш. Ако премногу сјаеш, многу брзо се може да се сврти против тебе“, советува Сталоне.