Не сакам да шпекулирам дали политичката криза се претвора во безбедносна, но мислам дека е важно да ги пофалам смирените ракции на луѓето, изјави американскиот амбасадор, Џес Бејли, во емисијата „Топ Тема“, емитувана синоќа на Тв „Телма“.
-Дали американската администрација сега е вклучена во помагање на решавњето на македонската политичка криза?
-Мислам дека отсекогаш сме биле загрижени за ова. Ако се навратите на нашите изјави откако почнаа обелоденувањата, ќе видите дека загриженоста не е од денес. Мислам дека нашата загриженост расте. Да ви кажам од каква перспектива гледаме на ова. Ние сме пријатели на Македонија, се воодушевувавме на напредокот на земјата во овие 25 години независност. Сакаме да ја видиме Македонија во ЕУ, иако не сме земја членка и во НАТО како напредна, мултиетничка демократија. Гледајќи на кризава, тоа е целта скоро на сите Македонци кои ги сретнав, без разлика на партија, на етничка и религиска припадност. Така му приоѓаме на проблемот. Загрижени сме, бидејќи кризава има два загрижувачки аспекти: обелоденувањата и како тоа се дошло до разговорите и на што укажува нивната содржина, на некои загрижувачки состојби на македонските институции. Како што рековме минтата недела, мислиме дека е важно да се прегледаат двете страни на тој проблем.
На прашањето дали може да се очекува директа вклученост на некој американски дипломат како олеснувач или преговарач, амбасадорот Бејли одговори дека САД е во контакт со ЕУ и дека заеднички разговараат за пристапот кон проблемите.
„Клучното прашање, според мене, е дека евентуално ние, партнерите од меѓународната заедница, можеме да го олесниме решението и сме подготвени на тоа. Но, сепак останува на лидерите на Македонија и на народот да ја решат оваа криза, да ги извлечат фактите и да направат исчекор кон иднината која е заедничка за сите’, изјави амбасадорот Бејли.
-Овие обелоденувања покренаа сериозни наводни обвинувања. Велам наводни, затоа што не можам да ги проверам сите. Околу владеењето на законот, околу независноста на судството, околу изборите и околу односите на Владата со медумите. Мислам дека овие прашања се сериозни и мора да проверат. Мислам дека делумно имаат одек, затоа што овие прашања се појавувале во извештаи на Комисијата на ЕУ, на ОБСЕ за медиумите или изборите, а во нашите извештаи за човекови права. Мислам дека е важно, Владата, како што рековме да ги земе предвид. – рече во интервјуто за Телма америкснаиот амбасадор Бејли.
OhridNews
извор: Тв „Телма“