Налутено 4-годишно дете од САД го зело пиштолот од плакарот и пукало во својот бејбиситер. Натан Беаверс (18) завршил во болница со помала повреда на раката. Уште еден тинејџер бил повреден.
Сведоците рекле дека Беаверс случајно му стапнал на ногата на детето. Шерифот Џон Хастен рекол дека полицијата го истражува случајот, но против детето нема да биде подигнато обвинение.