Како што информираат дел од светските медиуми, утрово, две групи на бегалци меѓу кои најголем број Курди и Авганистанци, се степале на железничката станица во Идомени. При тоа запален бил и вагон од воз кој грчката железница им го дала на бегалците да го користат како место за преспивање. Најпрво голема група бегалци го каменувала возот во кој преспиваат и живеат цели фамилии.

Сеуште не е познато колку лица се повредени во инцидентот кој е ставен под контрола откако интервенирала грчката полиција.

OhridNews