Брачен пар од Сирија, бегалци денеска во градската болница во Гевгелија го добија своето првороденче, јави локалниот портал Објектив.
Некаде околу пладневите часови граничната полиција во болницата во Гевгелија ја донесе Ална Наин (дваесетгодишна) која роди здраво женско дете од 2.700 грама.
Докторот Венци Чалков за Објектив изјави дека Ална се породила карлично и дека екипата од гевгелиската гинекологија максимално се посветила на случајот, така што сè поминало без никакви проблеми. Нема потреба од грижа, ниту, пак, од стравување велат надлежните служби.
Родилката е изолирана од останатите пациенти и покрај тоа што сè е во најдобар ред, а ситуацијата ќе се следи сè до излегување од болницата, ни изјави инфектолог примариус д-р Ѓорги Петков.
OhridNews
Извор:„Макфакс“