Жителите на Тодморден го виделе творот кој никој не успеал да го сопре изминатите шест месеци. По повикот, друштвото за заштита на животни успеало да го улови Пепе Ле Пев, кој добил име по лик од цртан филм. Си направил сопствен дом во ѓубре. Откако го лоцирале, храбриот Пепе не се предал без борба.
– Ни требаше речиси еден час за да го фатиме. Скокаше и не прскаше – изјавила инспекторката Алисон Вилкинсон.
Во Велика Британија е дозволено да се чува твор, но тоа животно бара специфична грижа. Никој не пријавил дека има изгубен твор. Пепе во Бредфорд центарот за животни чека да го одведе специјалистот за творови во Хемел Хемпстед.