Бегалец од чешки затвор, кој се вработил како шеф економист во еден музеј и тамо украл околу 500 илјади долари, овие денови повторно успеал да избега од равете на полицијата, јавуваат чешките медиуми. Владимир Прокоп минатото лето побегнал од затвор, во кој служел казна поради проневера на значителни суми, додека работел за Евангелистичката црква, каде бил задолжен за донациите.

Откако побегнал од затвор, Прокоп, користејќи лажен идентитет, се запослил во Националниот мизел за земјоделство, претставувајќи се како економист со искуство. Наведената сума која ја украл од Музејот достигнува третина од годишниот буџет на таа установа. Полицијата поголем дел од парите пронашла во станот на Прокоп, но него не успеале да го фатат. Кога полицајците дошле да го уапсат на работното место, тој побегнал низ салата на музејот, па преку противпожарните скали и споредниот излез успеал да стигне на улица, каде повикал такси.