Ричард Винсент кој бегал од затвор со автомобил останал без гориво и на помош го повикал локалниот шериф. Наведениот човек се наоѓал на условна слобода поради убиство, а полицијата од сојузната американска држава Џорџија распишала потера по него по бегството. Винсент со автомобилот успеал да стигне до државата Вајоминг, но таму останал без гориво.
Прво на ум му паднало да ја повика канцеларијата на шерифот, но не се сетил дека тие можеби за секој случај ќе проверат дали претходно бил казнуван. Кога локалниот шериф сватил дека Винсент е бараното лице, отишол на местото на настанот со колегите и го уапсил. Несудениот бегалец сега се наоѓа во затвор во Вајоминг и чека да биде предаден на властите во Џорџија.