Екипата на Охрид и следнава натпреваручка сезона ќе го има истиот бедем пред голот, откако Ајрадин Цуцули и Љупче Трпески ја продолжија соработката со „рибарите“.

Продолжувањето на соработката со Трпески и Цуцули е прв потег од неколкуте кои ги има подготвено охридската управа.

Трпески и Цуцили не само што беа столбот на одбраната, туку воопшто на екипата со својата трпелива и квалитетна игра во текот на целата сезона, вклучувајќи го и баражот за влез во Првата лига.

За Трпески ова ќе биде трета сезона во охридскиот фудбалски клуб, додека Цуцули ќе ја започне втората натпреварувачка година.

OhridNews