Нема голови по првите 45 минути на бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар помеѓу Италија и Македонија, што се игра вечерва во Палермо.

Домаќинот има повеќе од играта и посед на топката, изведе и 9 удари од аголот, но мрежата на Столе Димитриески остана недопрена. Македонија борбено и организирано се брани, а неколкуте грешки во одбраната останаа неказнети од „аѕурите“.

Македонија во два наврати се закануваше преку контра напад и еднаш по грешка на италијанската одбрана, но без поголем успех.

Македонија на натпреварот има поддршка од околу 1500 навивачи.

Г.М.