Едно бебе родено на станица на подеземната железница во Мексико Сити, меѓу првиоте подароци добило бесплатно возење со метроро доивотно. Бремената мајка тргнала со подземната железница до болницата кога одеднаш добила трудови. Жената стара 22 години се породила на влезот на една платформа, а во тоа, покрај лекарите од итната помош и помогнале и вработените во метрото и полицијата.

Штом ја слушнал оваа вест, градоначалникот на Мексико Сити Мигел Анхел Мансера на својот Твиетр налог напишал дека момчето, које сеуште нема име, ќе има право цел живот да се вози бесплатно со метрото. Билет за возење со метрото во овој град од речиси 9 милиони жители чини три песози или околу 15 денари.