Бебе кое по несреќен случај се нашло на пругата при налет на воз во швајцарското место Моехлин, преживеало и е скоро неповредено, сем една мала лузна на главата.
Бебето е скоро неповредено, но мајката доживеала вистински шок кога возот поминал преку нејзиното бебе, изјави швајцарската полиција.
Возот кој доаѓал предизвикал удар на ветар кој што ја паднал количката, од која паднало доенчето и се истркалало на пругата. Во тој момент мајката била свртена со грб и не забележала што се случува.
После среќниот крај, бебето е сепак задржано на испитување во болница.