Шестмесечно бебе ги шокирало експертите. Малиот Хавиер оди и до два метра без придржување, а  бебиња двојно постари од него тоа се уште не го можат.


Малиот британец Хавиер Кинг од Кембриџ ги изненадил своите родители и медицинските експерти проодувајќи на само шест месеци. Родителите Мари (30) и Дејвид (27) знаеле дека се ќе научи брзо бидејќи со три месеци веќе седел сам. Шокот бил уште поголем бидејќи Хавиер само што започнал да ползи.

-Не можевме да веруваме. Сепак, во градинката гледаме колку е понапреден од другите деца-вели гордата мајка. Ни таа, ниту Дејвид не прооделе рано туку кога имале една година, како и повеќето деца.