Бебе тешко 7,8 килограми дошло на свет во една приватна болница во Прешево, град со мнозинство Албанци во јужниот дел на Србија. Докторите од болницата информирале дека бебето и неговата мајка се во добра состојба. Родителите решиле бебето да го викаат Ердоган, пренесуваат дел од медиумите. Родителите рекле дека имаат причина за двојна радост, добиле син кој се вика Ердоган.

Инаку турскиот претседател ужива голема популарност кај Албанците, како голем и докажан пријател на Косово и Америка. Пораталите пренесуваат дека во моментов околу 700 Албанци во Прешевската долина го носат истото име.

OhridNews
извор Макфакс