Осуммесечното бебе Сантиаго Мендоза има 19,7 килограми. Неговата мајка го хранела секогаш кога ќе му го чуела гласот, па несреќното дете сега е тешко колку шестгодишно дете. Сега се наоѓа во Богота на посебна програма за одвикнување од храната, бидејќи неговото здравје е загрозено. Шекерот му е зголемен до граница на дијабетис, а и притисокот му е превисок. Имал здравствени проблеми и по раѓањето, бил крупно бебе, а неговата мајка сето тоа го влошила со постојаното хранење.

Кога сватила дека го довела во опасност својот син ја повикала фондацијата “Chubby Hearts”. хуманитарците пристигнале и го презеле бебето. Директорот на “Chubby Hearts” фондацијата вели дека момчето итно ќе биде прегледано во клиниката “Colina Clinic”. Специјалистите треба да ја намалат неговата тежина по природен пат и со препарати, после што би следеле низ операции.