Новороденчето кое мајката го родила во тоалетот од возот, го преживеало поминувањето низ одводната цевка и падот врз шините, известуваат индиските медиуми.

Мајката која била во седмиот месец од бременоста, се породила откако се онесвестила во тоалетот. Бебето испаднало од одводот и завршило на пругата.

Новороденото девојче е тешко само 1,4 килограми и е во стабилна состојба.Мајката која со возот патувала од Раџастан во болница на контрола,се уште не одлучила за името на ќеркичката.

ohridnews