Кога се дава помош на дивите животни, често се случува ситуацијата потполно да излезе надвор од контрола. Токму тоа се случило во Шкотска со едно бебе фока кое од невремето и немирното море се засолнило во пристаниште за патнички траекти. Било забележано од вработените кои безуспешно се обиделе да ја вратат во вода. Еден од нив тогаш ја фатил малата фока и ја ставил во гепекот на својот автомобил, како не би страдала под тркалата на камионите кои минувале во непосредна близина.

Потоа ја повикал локалната служба за заштита на животни, но до доаѓањето на ветеринарот, фоката успеала да се протне до предното седиште, од каде удобно сместена, мирно го посматрала невремето кое беснеело. Наоѓајќи се на топло, на малата фока не и било ниту на крај памет да излезе од автомобилот, па на ветеринарите им биле потребни неколку часа да ја извлечат.