Третмани за тело „AROMATIC BODY“

Природен мануелен третман со есенцијални масла, глина, шеќерна трска и екстракт од киви.

Ароматик третман за тело – природен мануелен третман со есенцијални масла, шеќерна трска и екстракт од киви. Природата е полна со богатства, Guinot, како специјалист за клиниките за убавина и Спа центрите, ги искористува екстрактите од растенија и ги преточува во незаборавно чувство, Ароматик третманот за тело.

Послаби, со реобликувано тело и без целулит како и комплетна релаксација се трите верзии на Ароматик третманот за тело.

Ароматик третман за слабеење – со тројно дејство, комбинирајќи ги стимулативните дејства на антицелулитните есенцијални масла, детоксикација и дренажа со сауна маската ќе доживеете момент на задоволство и ефектно слабеење.

Ароматик третман за нежен пилинг и обновување на кожата – совршена комбинација на пилинг со шеќерна трска и киви екстракт за мазна и свиленкаста кожа.

Ароматик третман за комплетна релаксација – релаксирачка Guinot масажа со есенцијални масла додавајќи незаборавно чувство на опиеност од прекрасните мириси и моменти на уживање со експертската нега на вашиот терапевт. 


ИНСТИТУТ ЗА УБАВИНА “BEAUTY TOUCH” – Кеј Маршал Тито 14 А (До студентскиот дом)