Хидрадермија

Ексклузивен “GUINOT” третман кој претставува најреволуционерно откритие во естетската козметологија . Со својот уникатен протокол и резултати го заслужува името ѕвезден третман. Хидрадермијата претставува најефективен третман за длабинско чистење, ревитализација и хидратација на лицето. Со овој третман се третирани сите слоеви на кожата.

Третманот се одвива во 3 фази :

Јонизација – претставува комбинација од нежна електро терапија и масажни движења на ролерите со која активните состојки од хирдадермија геловите длабоко продираат во кожата. Кожата пак како сунѓер ги прима сите потребни активни состојки со што се постигнува ефект на длабинско чистење и обновување на истата .

Оксигенација– Со помош на високата фрекфенција и кислородната емулзија се збогатуваат клетките на кожата со чист кислород кој им овозможува забрзано обновување а воедно делува и анти бактериски кај проблематичната кожа .

Моделирачка масажа – третманот се комплетира со релаксирачка масажа , која воедно ги моделира контурите на лицето , со маска според типот и потребите на кожата – ја балансираме истата и постигнуваме блескав сјај и свежина.

 

OhridNews