High-tech лифтинг третман
Хидрадермија лифт е напреден третман на Guinot, кој го подобрува тонусот на кожата и длабински го зацврстува лицето. Како поминуваат годините, лицето ги губи своите контури – прв знак на стареење.
Обичните лифтинг третмани дејствуваат само на стуктурата на кожата, ја реконструираат мрежата во епидермусот и го зацврстуваат дермисот. Третманот кој го создаде “GUINOT” – Хидрадермија лифт – претставува револуција во подмладувањето на кожата. Со него директно ги стимулираме фацијалните мускули со што го подобруваме тонусот на кожата и добиваме лифтинг ефект.
Третманот се одвива во 3 фази:
1. Детоксикација преку лимфна дренажа
Со помош на нежни движења , топчестите електроди на лицето во комбинација со посебни антиридни гелови постигнуваат зголемување на циркулацијата на кожата и елиминирање на токсините.
2. Мускулна стимулација
Со помош на хидра лифт апаратот ги вежбаме мускулите на лицето со што се придонесува за зголемување на нивниот тонус и волумен , лицето е затегнато а брчките измазнети.
3. Лифтинг масажа
Вашиот терапевт за убавина го комплетира вашиот третман со релаксирачка лифтинг масажа со користење на соодветни масажни кремови за дополнителна рехидратација, ревитализација, затегнување и тонирање на кожата.
Хидрадермиа лифт на очната зона
Хидрадермиа лифт на очната зона е нехируршки лифтинг и претставува прв чекор за спречување на почетните знаци на стареење, кој дава видливи резултати и по првиот третман, успешно ја тонира кожата и ги реобликува контурите на очната зона,давајки свеж и заводлив изглед.
Тајните на третманот:
Се нанесуваат соодветни гел-серуми за очната зона кои содржат активни состојки, антиридни компоненти и екстракти од растително потекло како идеален медиум за дренажа и мускулна стимулација при третманот на очната зона. Ефектите на третманот се намалување на подочниците и кесичките, подобрување на циркулацијата , свеж и одморен изглед, без темни кругови и подочници.
OhridNews