Третото издание на Beach Film Festival официјално започна вчера вечер со светската премиера на филмот „Сплавот“ (The Raft) на израелскиот режисер Одет Раз, кој и се обрати на публиката преку видео порака. Фестивалот се одржа под отворено небо на плажата пред хотелот Холидеј М во населбата Св.Стефан во Охрид.

Покрај долгометражниот филм, публиката на фестивалот имаше можност да ужива со музиката на Тино Костадиновски, како и да погледне неколку домашни студентски филмови. По завржување на проекциите, присутните имаа можност да постават прашања до режисерите на краткометражните филмови.

Фестивалот се одржува согласно здравствените протоколи за заштита од вирусот Ковид-19.

Фестивалот вечерва продолжува со проекции на краткометражни филмови на плажата во Св.Стефан, како и на бродот Армада.

Фото галерија:

OhridNews

Фото: А. Момироска