Дека во овој модерен фудбалски свет нема повеќе играње од срце и за навивачите покажа и докажа Герет Бејл, кој одлучи да остане во Реал Мадрид иако во клубот и кај навивачите не ужива кој знае каква љубов и доверба.

Бејл им се доверил на своите колеги од репрезентацијата дека не размислува да го напушти Реал Мадрид, без разлика што тренерот Зинедин Зидан не го планира за сезоната која доаѓа. Велшанецот има уште три години од договорот според кој заработува 17 милиони евра по сезона.

Неодамна, Бејл изјави оти е подготвен голф да игра ако клубот не го сака во ростерот, што јасно говори каков став има поранешниот фудбалер на Тотенхем за ситуацијата на Сантијаго Бернабеу.

Репрезентативецот на Велс заедно со Кристијано Роналдо одиграа клучни улоги во освојувањето на титулите во ЛШ, но Велшанецот не успеа да се наметне како лидер после заминувањето на Португалецот.

OhridNews