Герет Бејл најави заминување од Реал Мадрид. 32-годишниот Велшанец за мадридскиот клуб настапува од 2013 година.

Го пишувам ова за да им се заблагодарам на сите соиграчи, поранешни и сегашни, како и на тренерите, персоналот на Реал Мадрид и навивачите кои ме поддржаа. Дојдов во Реал Мадрид пред девет години како многу млад играч кој сакаше да го оствари својот сон и да игра за овој клуб. Сакав да играм во дресот со амблемот на Реал Мадрид на градите, да играм на „Сантијаго Бернабеу“, да освојувам купови и да бидам дел од нешто големо. Сега можам да погледнам назад и искрено да кажам дека сонот навистина се оствари и уште повеќе. Да се ​​биде дел од Реал Мадрид и да се постигне се што постигнавме е неверојатно искуство и никогаш нема да го заборавам. Тоа беше чест за мене. Благодарам! – напиша Бејл на социјалните мрежи.

Како дел од Реал, напаѓачот три пати го освојуваше шпанското првенство, по еднаш Купот и Суперкупот на Шпанија, пет пати Лигата на шампионите, два пати Суперкупот на УЕФА и четири пати Светското клупско првенство.

OhridNews