Екипата на Реал Мадрид нема намера лесно да се откаже од желбата да го доведе францускиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Погба. „Кралевите“ во најновата понуда го имаат Герет Бејл како мамка.
Екипата на Реал Мадрид по секоја цена сака да се ослободи од Бејл и неговиот богат договор а вклучување во трансферот на Погба е најдобра опција. „Црвените ѓаволи“ не сакаат да слушнат за продажба на Погба но „кралевите“ се надеваат на пресврт.
Погба е најскапото засилување на Манчестер Јунајтед во клупската историја, но со игрите минатата сезона и претходните две не ги оправда очекувањата и вложените средства. Покрај шпанскиот гигант интерес за Погба покажуваат Јувентус, од каде се пресели на Олд Трафорд и Пари Сент Жермен, кој веројатно може да достави најдобра понуда.
OhridNews